Судијата му пркоси на ФИФА, гледаше успорена снимка

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Аргентинскиот судија Херман Делфино ќе бидат внесен во историјата на фудбалот како прв арбитер кој ја смени својата одлука по гледање успорена телевизиска снимка.

Тоа судијата Делфина скапо ќе го чини, го очекува огромна казна од ФИФА и од ФС на Аргентина, бидејќи и двете организации строго забрануваат употребата на телевизиска технологија во процесот на донесување одлуки.

Делфино, пред неколку дена, во натпреварот Велес – Арсенал (1: 1) ја поништи својата одлука за пенал за домаќините и исклучување на дефанзивец, бидејќи неговиот помошник му дојави дека тој направил грешка. Тоа го констатирал по гледањето на успорената снимка.

Делфино, кој се смета за еден од најдобрите судии во Јужна Америка, досудил пенал за Велес, втор жолт за Арсеналовата ѕвезда Даниел Валенсија за очигледното играње со рака во шеснаесетникот.

Сепак, линискиот судија од успорената снимка забележал дека со раката всушност играл напаѓачот на домаќинот Маријано Павоне, по што го информирал шефот арбитер на мечот.
Делфино одлучил да ја промени својата одлука и ја поништил казната за исклучување на Валенсија, а жолт картон добил Павоне.

“Мојата совест е чиста. Знам дека тоа е против правилата, но мојата одлука беше фер”, вели Делфино.

Со години ФИФА е под притисок да дозволи употреба на технологија во фудбалот, а лидери од Цирих, предводена од сеп Блатер досега само дозволи употреба на гол-технологија, која покажува дали топката ја преминала гол линијата.
Борбата продолжува, и Делфино би можело да биде пресвртна точка.