Директните пцовки беа она што доведе до тоа Џуд Белингем да добие црвен картон на последниот натпревар на Реал Мадрид против Осасуна (1:1). Ова му го објасни главниот судија Хозе Луис Мунуера Монтеро на капитенот на „белите“ Лука Модриќ во врска со инцидентот во 39. минута. Тогаш се виде дека Англичанецот нешто му рекол на судијата, по што директно го избркал од теренот.
„Ми рече „Е*и се“ (F*ck you), се зборовите на Мунуера Монтеро кон хрватскиот ветеран.
Movistar+, кој го пренесуваше натпреварот, сподели што мислат дека се зборовите на Белингам. По очигледно извесна размена на реплики, поранешниот фудбалер на Борусија (Дортмунд) му се обрати на судијата на англиски јазик со следново: „I’m talking to you with respect, f*ck off“, што во превод значи „Со целосна почит од*би“.
Дисциплинските правила во шпанскиот фудбал велат дека за навреда на судија или друго службено лице, прекршителот треба да биде казнет од 4 до 12 натпревари. Сега се зависи од тоа што ќе напише судијата во својот извештај, врз основа на кој ќе одлучува Дисциплинската комисија.
Евентуалната санкција на Белингем ќе важи и за натпреварите од Купот на кралот, каде Реал е во полуфиналето.