„Судијата смрди“ го чинеше Мурињо суспензија

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Претходниот викенд, во дербито на 11. коло од турската Суперлига, Фенербахче го победи Трабзон со 3:2, со голот на Софијан Амрабат во 12. минута од судиското надополнување. По натпреварот одекна изјавата на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој беше многу лут на судиите. Сега стигна казната.

„Играч на натпреварот беше Атила Каролан, судијата во ВАР просторијата. Не го видовме, но всушност беше судија. Тој од невидлив стана најважниот човек на теренот. Мислам дека зборувам за сите навивачи на Фенербахче. Не сакаме повеќе, не сакаме, затоа што смрди. Не го сакаме на теренот или во ВАР просторијата. Ме измамија кога дојдов. Ми кажаа само дел од вистината со која треба да се борам. Се бориме против системот, кој е во служба на еден клуб. Сепак, нема да се предадеме, бидејќи сме на вистинската страна“, изјави Мурињо по натпреварот.

И сега стигна казната. И не само за коментарите за судењето, туку и за однесувањето на теренот за време на натпреварот.

Фудбалскиот сојуз на Турција го казни Португалецот со 26.000 евра поради коментарот на судењето, а поради „неспортско однесување кон противничките навивачи“ беше суспендиран на еден натпревар и дополнителни 1.500 фунти.

Тоа значи дека Мурињо нема да може да го види тимот на дуелот против Сивас в недела.

Слични содржини