Судијата во „Ровер“: За Бошкоски нема притвор, процесот не е пречка да биде пуштен од затвор

од Vladimir Zorba
114 прегледи

На денешното рочиште за „Ровер“, судијата кој го води процесот кажа дека ја известил управата во затворот во Идризово дека нема притвор за Љубе Бошкоски во овој предмет и дека оваа постапка не е пречка за негово пуштање од затворот, јави А1Он.

ljubesmile1

– На барање на адвокатот го известив затворот во Идризово дека ниту имало, ниту ќе има притвор за Љубе Бошкоски во предметот „Ровер“.

Со тоа, „падна во вода“ неколку пати повтореното од директорот на Идризово, Живко Пејковски , кому од партијата на Бошковски му најавија пријаза за тортура, дека не може да го ослободи Бошкоски поради рочиштето за Ровер на 8. април, односно зошто против него се водел друг процес