Судијка во Шпанија доживеа класичен нокаут, не можеше да го продолжи мечот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
479 прегледи

Судиите на фудбалот честопати се мета на физички напади врз фудбалери. Се случува еден од нив да заврши на тревата под удар на играч кој по правило наскоро ќе добие доживотна суспензија. Во случајот снимен во Шпанија, судијка на натпреварот помеѓу женските екипи на Реал Мадрид – Атлетик Билбао, Сара Фернандез доживеа класичен нокаут, но сосема случајно.

Крајот на натпреварот се играше кога фудбалерката на гостинскиот тим, Наро Уријарте упати удар кон голот на Реал. Сепак, за жал на Сара Фернандез, топката не одеше кон голот, туку ја погоди директно во главата.

Несреќната Сара падна на трева, а интервенцијата на лекарскиот тим покажа дека ситуацијата не е воопшто наивна. Фернандез не беше во можност да го продолжи мечот, па улогата ја презеде нејзина колешка, која беше четврти судија.

Слични содржини