Судијката за организиран криминал и корупција, Кацарска предложена за уставен судија

од Берта Китинска
392 прегледи

Судскиот совет одлучи да ја предложи судијката Добрила Кацарска е избрана за нов Уставен судија.

Судскиот совет составен од 12 членови едногласно го поддржа предлогот. Сега предлогот ќе биде препратен до Собрание каде пратениците треба да ја изберат на функцијата.

Кацарска е предлог на местото на судијата Владимир Стојановски на кого му заврши мандатот на 13 април. Но поради првата вонредна состојба што ја донесе претседателот Стево Пендаровски на 18 март нему му беше продолжен мадатот за онолку денови колку што траеше вонредната состојба. Нему му остануваа уште 26 дена од мандатот и тие сега истекоа.

Слични содржини