Судир Левандовски-Баерн: „Моето време во клубот заврши“

од Nikola Popovski
328 прегледи

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски изјави дека неговиот трансфер од Баерн Минхен ова лето ќе биде најдобар исход за двете страни.

„Од денеска едно е сигурно, а тоа е дека мојата приказна со Баерн е завршена. Не можам да замислам да продолжам со добра соработка. Верувам дека трансферот е најдоброто решение за двете страни. Се надевам дека Баерн нема да го спречи мојот трансфер само затоа што има можност да го направи тоа“, изјави Левандовски на прес-конференција.

Полскиот напаѓач има договор со Баерн на уште една година, но експлицитно изрази желба да го напушти клубот на лето.

Коментарот на Левандовски веројатно нема да биде добро прифатен во Баерн, бидејќи спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и извршниот директор Оливер Кан најавија дека Левандовски ќе остане во клубот до крајот на договорот.

Медиумите наведуваат дека агентот на Левандовски, Пини Захави и Барселона усно се договориле за тригодишен договор, но дека Баерн е цврст на ставот дека Левандовски не е на продажба.

Слични содржини