202
Едно лице загина, а пет се повредени во судир на брз воз и локомотива на железничка станица на североистокот на Чешка.
Несреќата се случила рано изутринава во градот Бохумин, набрзо откако возот тргнал за Прага, соопштија од чешките железници, пренесува АП.
Загинал машиновозачот на брзиот воз, а повредени се четворица железничари во локомотивата и едно лице во возот. Не е познато дали локомотивата се движела во моментот на судирот.
Спасувачите велат дека патниците не се повредени.
Инспекторатот за безбедност на железницата, агенцијата што ја истражува несреќата, соопшти дека брзиот воз бил на погрешна пруга во моментот на несреќата и дека несреќата можеби била предизвикана од човечка грешка.