По вечерашните четвртфинални натпревари познати се паровите од полуфиналето во Лигата на шампионите.
ПСЖ ќе игра со Манчестер Сити, додека Реал Мадрид ќе се обиде да стигне до финалето во дуел со Челси.
Првите натпревари на програмата се на 27 и 28 април во Париз и Мадрид, реваншите на 4 и 5 мај во Лондон и Манчестер.
Финалето е на 29 мај на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.