Судир на воз и автобус во Мексико, најмалку 6 лица загинаа

од Stefanija Kuzmanovska

Шест лица загинаа, а 17 се повредени денеска во судир на воз и автобус на железнички премин во градот Ел Маркес, Мексико.

Петмина од 17-те повредени се хоспитализирани во критична состојба, изјави началникот на цивилната заштита на Ел Маркес, Алехандро Васкез Меладо.

Како што јави АП, остатоците од автобусот биле отстранети од пругата, откако возот го влечел околу 50 метри пред да застане.

Слични содржини