МВР информира дека вчера (14.10.2022) во 13.25 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистрален пат Кичево-Гостивар, кај Колари, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кичевски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од Р.Р.(53) од Кичево, патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(61) од Колари и товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Галичани, прилепско.
„Во несреќата со тешки телесни поведи се здобиле Е.З.С.(32) и малолетник од Колари,сопатници во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.Ј. и Ф.С.(63) и малолетничка од Колари, сопатници во возилото „бмв“, констатирани во болницата во Кичево. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.“, извести полицијата.