Во францускиот град Нант се случиле судири меѓу полицијата и демонстрантите , јави АФП.

 

Демонстрациите се случуваат  по смртта на 24-годишен маж, чие тело е извлечено од реката Лоаре.

Мажот последен пат беше виден жив на 21 јуни кога учествуваше на музички фестивал. Потоа полицијата интервенира, употребува солзавец против учесниците и многу од нив паѓаат во вода.

Најмалку 14 лица беа спасени од давење тогаш, но стравот беше дека некои се исчезнати.

Сепак, Стивен Канико не е меѓу пронајдените и спасените и неговиот случај се здобива со популарност кај корисниците на социјалните мрежи.

Каде е Стив!, прашуваат тие.

Т.н. „жолтите елеци“, познати по своите илјадници протести во земјата,повикаа на протести и во одбрана наСтивен  Канико.

Телото на човекот било откриено неколку милји од местото на фестивалот.

Според францускиот премиер Едуард Филип не постои поврзаност помеѓу двата случаи.