Американскиот суд донесе конечна одлука дека Ед Ширан не ја копирал песната „Let’s Get It On“ на Марвин Гаје во неговиот хит „Thinking Out Loud“.
Британскиот кантавтор беше обвинет од наследниците на Марвин Гаје и семејството на Ед Таунсенд дека украл елементи од песната „Let’s Get It On“ на Гаје и Таунсенд и ги искористил за неговиот голем хит од 2014 година.
Во тужбата што ја поднесоа, тие тврдеа дека Ширан, Warner Music Group и Sony Music Publishing им должат пари за прекршување на авторските права.
Наводно, Ед Ширан на неговото судење во Њујорк рекол дека доколку биде прогласен за виновен, ќе се откаже од својата музичка кариера.
„Ако тоа се случи, готов сум, ќе престанам“, рекол славниот музичар на прашањето колку му е важно судењето во федералниот суд на Менхетен, пренесува Би-Би-Си.
Музичарот, наводно, станал и го прегрнал својот тим откако членовите на поротата одлучиле дека тој „самостојно“ ја создал својата песна.