Судот во Вирџинија го одби барањето на Амбер Херд за поништување на судењето во нејзината правна битка со поранешниот сопруг Џони Деп.
Имено, нејзината жалба е одбиена бидејќи не била поткрепена со легитимни причини, како што се наведува.
Адвокатите на актерот Џони Деп претходно изјавија дека не постои легитимна основа за жалбата на неговата поранешна партнерка со цел да започне ново судење во случајот за клевета од милиони долари.
Адвокатите на Амбер Херд побараа повторно судење по тврдењата за несоодветна услуга на поротниците, велејќи дека исходот не бил поддржан од доказите презентирани за време на шестнеделното судење во Ферфакс, Вирџинија, но тоа барање на крајот било одбиено.
Да потсетиме, Деп ја тужеше поранешната сопруга поради текстот од 2018 година кој таа го напиша за „Вашингтон пост“. Опишувајќи ги своите искуства, таа во текстот тврди дека преживеала семејна злоупотреба како жена. Адвокатите на Деп рекоа дека написот лажно го обвинува актерот дека е насилник.
Судот во Вирџинија, иако ја отфрли нејзината жалба, нагласи дека Херд и понатаму може да поднесе жалба на пресудата.