224
Рускиот Врховен суд денеска ја отфрли жалбата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој побарал од затворските чувари да му дадат хартија и пенкало, објави Ројтерс, повикувајќи се на порталот „Медиазона“.
Нешто порано, затворската управа на казнената колонија Мелехово, на околу 250 километри источно од Москва, ги одби неговите барања.
„На некои луѓе им се дава пенкало и хартија на еден час. На некои места, по 15 минути, а на затвореникот му треба една недела да заврши писмо. Во мојот случај, мојата опрема за пишување беше целосно отстранета. Како тоа? Одлучи управникот на затворот, ете така“, сподели Навални на социјалните мрежи, пренесе АП.