234
Федералниот суд на Австралија ги објави сите детали за пресудата против Новак Ѓоковиќ – се покажа дека кобно било појавувањето во јавноста по позитивен тест.
Министерот Алекс Хок, кој го депортира Новак по победата на Србинот на суд, ги наведе причините за кои смета дека се во прилог на јавниот интерес за укинување на визата.
Кобно било што Ноле отишол на интервју за француски „Екип“, знаејќи дека има позитивен тест за корона – во Австралија министерот Хок тоа го протолкува како „неодговорно однесување на угледна ѕвезда која може да поттикне слично расположение во земјата“.