Судот го врати на доработка обвинението против Додик и Лукиќ

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Судот на Босна и Херцеговина го врати на дообработка обвинението против претседателот на Република Српска Милорад Додик (СНСД) и в.д. директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ, потврдено е за Klix.ba.

Ова се случи откако Обвинителството на Босна и Херцеговина на 12 август годинава поднесе обвинителен акт против Додик и Лукиќ за неприменување на одлуките на високиот претставник. Судот на Босна и Херцеговина имаше рок од 15 дена да се изјасни за ова обвинение.

Обвинението е вратено на дообработка бидејќи обвинителството не прецизирало кое кривично дело е сторено и каква е причинско-последичната врска меѓу она за што се товари Додик и за што е обвинет Лукиќ.

Со оглед на тоа што обвинението е вратено на дообработка, тоа укажува дека обвинителството не го внело спремно овој предмет и дека има голем број приговори, што секако не е добар почеток за обвинителството во овој случај.

Обвинението беше покренато откако властите на РС не ги објавија одлуките на високиот претставник и откако не ги спроведоа одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Во јули годинава и високиот претставник Кристијан Шмит донесе одлука дека неспроведувањето на одлуките на високиот претставник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до пет години.

Додик смета дека се работи за политичко обвинение, а по покренувањето на обвинението поднесе кривична пријава против обвинителот Недим Чосиќ.

Слични содржини