Судот има надлежност за постапување по основа на застареност на предмет кај извршител, велат од Министерството за правда

од Nikola Popovski
407 прегледи

Министерството за правда нема законски надлежности да дава автентично толкување на законските норми што е во исклучива надлежност на Собранието на Република Северна Македонија, велат од ресорот правда откако граѓани поднесоа писмени барања до министерот за правда, Кренар Лога, за примена на измените од Законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови.

Министерството за правда ве информира дека исклучива надлежност за постапување по основа на застареност на предмет кај извршител има судот во соодветна постапка.

-Правниот институт -застарување, роковите , прекинот и начинот на утврдување, се регулирани со бројни одредби од Законот за облигациони односи( член 349-382 ) и истиот не се применува автоматски, туку се утврдува во судска постапка на предлог на должникот.

Извршителот е должен да постапува по барањето на доверителот и притоа не е овластен да носи никакви процедурални одлуки во однос на текот  на извршувањето, што е во исклучива надлежност на судот, велат од ресорот правда.

„Стоп за извршителите“, „Зошто го донесовте законот, зошто го лажете народот“, „Не играјте пинг-понг со народот“, „Нема да гласаме ако не се спроведува законот“ беа дел од паролите со кои граѓаните поддржани од здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР денеска пред Министерството за правда одржаа мирен протест за Законот за облигациони односи пред да отпочнат со поднесувањето на барањата.

Тие бараат во рок од осум дена овие барања да се процесираат и да им се нареди на извршителите предметите да почнат да застаруваат.

Слични содржини