Судот ја одби жалбата – Спејси треба да плати 31 милион долари

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Актерот Кевин Спејси (62), добитник на два Оскарa, ќе мора да плати речиси 31 милион долари на продуцентската куќа MRC, која го отпушти од сетот на серијата „House of Cards“ во 2017 година поради обвинувања за сексуална злоупотреба, одлучи судот во САД откако неговата жалба беше одбиена.

MRC го тужеше Спејси бидејќи со неговото отпуштање изгубија значителни приходи од серијата што се занимаваше со политички интриги во Вашингтон.

Пред пет години, кариерата на Спејси нагло заврши поради серија обвинувања за сексуален напад, а продуцентите мораа да направат големи промени во заплетот на шестата сезона на „House of Cards“.

Судот уште во 2020 година пресуди во корист на продуцентската куќа, пресудувајќи дека однесувањето на Спејси ги прекршило правилата на договорот, на што актерот се жалел, но таа жалба e одбиена.

Спејси е обвинет во Обединетото Кралство за пет прекршоци кои се случиле помеѓу 2005 и 2013 година – четири точки за сексуален напад со допирање и посериозно обвинение за поттикнување лице да изврши сексуално пенетративен чин без согласност. Минатиот месец беше договорено судењето да се одржи на 6 јуни следната година.

Актерот негира дека сексуално вознемирувал некого.

Слични содржини