Судот му определи 30-дневен притвор за возачот кој ја прегази девојката на „Партизанска“

од Milan1
35 прегледи

Судот вечерва го прифати предлогот на Обвинителството и му определи притвор од 30 дена на 20-годишниот осомничен за сообраќајката на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

Обвинителството претходно соопшти дека осомничениот претходно бил обвинет за трговија со дрога, за што бил во притвор, но судија од Основниот кривичен суд во Скопје ја укинал мерката и го упатил во воспитно-поправниот дом во Тетово, третирајќи го како постар полнолетник.

– ОЈО Скопје поднесе обвинение со предлог за продолжување на мерката притвор која по предлог на обвинителството беше определена од самиот старт на постапката, и тоа за две кривични дела од член 215 од Кривичниот законик – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече – заводска мерка упатување во воспитно -поправен дом Тетово, третирајќи го сторителот како помлад полнолетник.

Во текот на целата постапка, токму по предлог на јавниот обвинител лицето беше во притвор, а при изрекување на пресудата Судот ја укина притворската мерка за обезбедување.

Незадоволен од пресудата, имајќи го притоа предвид и претходното поведение на сторителот, јавниот обвинител вложи жалба и предметот е во жалбена постапка, соопштија од Обвинителството.

Слични содржини