Судот на ЕУ денеска ќе донесе одлука за мигрантските квоти

од desk3
84 прегледи
Судот на ЕУ денеска ќе донесе одлука за мигрантските квотиСудот на Европската унија денеска ќе ја објави долгоочекуваната одлука за квотите за распределба на мигрантите кои пристигнуваат од Грција и Италија, а кои правно ги оспоруваат Романија и Словачка. Европската унија во септември 2015 година во екот на мигрантската криза донесе план за распределба на мигрантите од Грција и Италија, кои претставуаат влезни точки за мигрантите во ЕУ, за на тој начин членкикте да покажат солидарност.  Европската унија ја донесе таа привремена мерка за обврзувачки квоти со што прегласано беше противењето на четирите земји Романија, Словачка, Чешка и Унгарија. Поради оваа одлука Унгарија и Словачка се обратија до европски0т суд во Луксембург за да донесе одлука. Кон крајот на јули независниот адвокат, на Европскиот суд му предложи да ги отфрли  аргументите на Унгарија и Словачка. Судот обично ги следи  препораките на независниот адвокат, но има и случаи кога донесува и спротивна одлука. Независниот адвокат смета дека Комисијата  не ги прекорачила своите овластувања како што тврдат Словачка и Унгарија. Во текот на постапката пред Судот, Полска им даде подршка на Унгарија и Словачка, додека Белгија, Германија, Франција, Луксембург и Шведста ги бранеа одлуките на Комисијата.
Одлуката според првиот план беше дека требало да се распоредат до 160.000 мигранит  во рок од две години по земјите членки и без обзир на овој правен спор многу споро се спорведува и досегашниот број на релоцираи мигранти делеку од поставената цел, кој во меѓувреме исто така значајно се намали.
До крјаот на минатата година од Италија и Грција се распоредени нешто помалку од 28 .000 лица а според проценката на Комисијата преостана уште да се распоредат околу 5 0000 мигранти од Грција кои имаат паво на азил и уште неколку илјади во Италија.
Станува збор бегалците од Сирија и Еритреја, кои по автоматизам имаат право на азил и меѓународна заштита додека останатите мигранти во ЕУ се сметаат економски мигрнти кои немаат право на азил.
Договорот кој ЕУ во  во март го заклучи со Турација, драстично го намали бројот на мигрантите во Грција. По тоа мигрантската рута преместена во средината на Медитеранот, од либијскиот брег према италијанските острови, но поголемиот број од тие мигранти немат право на азил.

Слични содржини