233
Обвинителката Вилма Русковска побарала лицето кое го снимило Драги Рашковски како се движи по улица изминативе денови, да дојде во Обвинителството за на неговиот телефон да се изврши вештачење.
„Јас се јавив на лицето кое го поседува порталот и побарав лицето кое го снимало да дојде во обвинителството, за да се изврши форензичко вештачење на телефонот. Судот нас нема да ни поверува само на збор, дека тој е забележан по времето за кој му е одобрен излезот. Нели, напуштање на домот.. Но, не дојдоа, не се појавија“ , кажа Русковска.
Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, информираа вчера од МВР. Тој вчера бил фотографиран на улица во скопската населба Аеродром.