Судот во Германија пресуди: Задолжителна вакцинација против мали сипаници

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот Уставен суд денеска ја потврди одлуката за задолжителна вакцинација против мали сипаници за децата, пресудувајќи против тужбата на родителите кои ја поднесоа.

Во својата конечна одлука за ова прашање, Сојузниот уставен суд на Германија во Карлсруе рече дека иако обврската ги нарушува правата на децата и нивните родители, таа е оправдана со високиот ризик од инфекција со сипаници и потенцијалот за сериозна болест, пренесе „Ројтерс“.

Со цел подобра заштита од силно заразната сипаница, од почетокот на март 2020 година вакцинацијата е задолжителна за децата во градинките и училиштата во Германија.

Пред уписот, родителите мора да достават потврда за имунизација, а исклучокот важи само за оние деца кои не можеле да се вакцинираат од медицински причини, наведува „Ројтерс“.

Слични содржини