Меѓународниот кривичен суд издаде потерница против поранешниот началник на безбедноста за време на владеењето на либискиот лидер Моамер Гадафи.
Тој е обвинет за воени злосторства во 2011 година. Во потерницата Мохамед Калед ал-Тухами, кој е поранешен шеф на либиските служби за внатрешна безбедност, се обвинува по седум точки за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Станува збор за злосторства како тортура, прогонување на опозициски активисти со цел да се уништи со сите средства јавната опозиција, која е против режимот на Гадафи, се разјаснува преку соопштението на судот во Хаг. / АФП