270
Меѓународниот кривичен суд во Хаг ќе отвори два случаја за воени злосторства против Русија.
Русија ќе биде обвинета за киднапирање на украински деца и за намерно гаѓање на цивилна инфраструктура, пишува „Њујорк Тајмс“.
Кремљ денеска соопшти дека Москва не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори на прашање во врска со медиумските извештаи дека МКС наскоро се очекува да ги побара првите налози за апсење на руските функционери поради конфликтот во Украина.
Во 2016 година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одбивање на Русија да учествува во Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.