186
Судот во американската сојузна држава Луизијана го блокираше законот на таа држава кој би можел повторно да ја воведе забраната за абортус.
Судија на Окружниот суд во Њу Орлеанс во понеделникот привремено го блокираше спроведувањето на законот во Луизијана и закажа сослушување за 8 јули, врз основа на тужба поднесена од Центарот за репродуктивни права во име на локалните медицински институции кои вршат абортуси, јавува Би-Би-Си.
Луизијана е една од 13-те држави кои повторно воведоа забрани или строги ограничувања за абортусот по одлука на Врховниот суд на САД.