Судот во Москва нареди апсење на истражувачки новинар од Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Судот во Москва донесе одлука со која нареди апсење во отсуство на бугарскиот истражувачки новинар Кристо Грозев.

ТАСС денеска објави дека руското министерство за правда го додало Грозев на својата листа на „странски агенти“.

„Судот на Грозев му одреди двомесечен превентивен притвор. Притворот започнува од моментот на екстрадиција на руска територија, односно од моментот кога ќе ја помине руската државна граница и ќе биде екстрадиран“, соопштија од судот.

Грозев е водечки новинар кој известува за настани во Русија за истражувачката новинска група Bellingcat. Тој одигра клучна улога во нејзината истрага за труењето на опозицискиот политичар Алексеј Навални и пишува за агресијата на Москва против Украина.

Грозев моментално не е во Русија.

Во 2022 година, руските власти го ставија на потерница, обвинувајќи го за помагање на украинското разузнавање.

Слични содржини