Судска експертиза: Дел од патниците на A321, од предниот дел, се со нетипични повреди!

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Експертите пронајдоа повреди од експлозија на телата на жртвите од авионската несреќа во Египет, соопштува LifeNews.ru.Над 200 фрагменти од биолошки материјал се  примени  во мртовечницата во Санкт Петербург.  Од нив експертите успеале да “состават” околу 150 тела.Патници условно се поделени во две групи.

avion rusk

Во првата спаѓаат оние чии тела се откриени во реонот на паѓање на главниот дел на авионот, а во вториот -чии останки биле околу и меѓу остатоците од опашката на урнатиот Airbus . Оние кои седеле во предниот дел на авионот, се со тапи повреди во пределот на стомакот и карлицата, бројни фрактури на горните и долните екстремитети и прскање на внатрешните органи. Нивната смрт настапила како резултат на нагло прскање и  губење на крв, шок и отворени  черепи-мозочни трауми, покажуваат заклучоците на експертите.site-3_3489334b

Повреди на патниците од задниот дел на авионот се радикално различни. Кај голем дел од загинатите се дијагностицирани т.н. експлозивни трауми со бројни изгореници над 90% на меките ткива. Извори сугерираат дека може да експлодирале   резервоарите за гориво или да експлодирала  експлозивна направа. Изгорена ткива на патниците веќе се испратени за анализа. Тие ќе бидат истражени и за присуство на траги од експлозив. Експертите веќе истакнаа дека во телата на голем дел од загинатите се пронајдени честички од ситни метали.20151103.uariztjynw

 Во меѓувреме професионалци кои работат на местото на несреќата на рускиот авион А321 на Синајскиот Полуостров, откриле елементи кои не се од конструкцијата на леталото .Ова го соопшти ТАСС, повикувајќи се на свој извор.“Експертите откриле во реонот на несреќата елементи кои не се од конструкцијата на авионот”, потврди соговорникот. Тој додава дека во моментот не е јасно  нивното потекло  . Тие се испратени на итна експертиза.