Судска потврда: Руските клубови останаа без евро натпреварувањa

од Nikola Popovski
365 прегледи

Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди забраната за руските клубови да учествуваат во натпреварувањата на УЕФА, пренесува Ројтерс.

Поради руската инвазија на Украина, УЕФА одлучи да ги спречи клубовите од најголемата земја во светот да се натпреваруваат под нејзино покровителство до дополнително известување.

Одлуката на УЕФА ја потврди и „САЅ“, па Русите дефинитивно ќе останат без европските натпреварувања во остатокот од сезоната.

Под иста суспензија е и руската фудбалска репрезентација на која ФИФА и забрани учество во баражот за Светското првенство во Катар годинава.

Руската Федерација ја оспори и оваа одлука пред судовите и побара нејзино укинување, а „CAS“ наскоро ќе одлучи за тоа.

Слични содржини