Судската администрација излезе на протест, бараат повисоки плати

од Nikola Popovski
245 прегледи

Вработени во судската администрација денеска излегоа на мирен едночасовен протест пред Основниот Кривичен суд во Скопје со барање за враќање на додатоците на плата до 35 отсто и итно донесување на законот за судска служба.

Протестот го организираа Независниот синдикат на судска администрација на Македонија и Здружението на судска администрација.

Јасмина Величкова претседател на судска служба на Македонија вели дека парите од додатоци се од плаќањето судски паушали и оти не зависат од Министерството за финансии.

– Да ни се вратат додатоците на плата. Тие додатоци се од судскиот буџет, не се од Министерството за финансии, бидејќи ние судскиот буџет го полниме од паушали. Бараме итно, како има пари за 78 отсто повисока плата за функционерите, европски плати за нив и за нас, изјави Величкова на протестот.

Потпретседателката на Здружението на судска администрација Рената Ѓоргиевска вели дека на протестот го изразуваат незадоволството од одлуката на Судскиот совет дека е одбиено нивното барање за исплата на најмалку 25 отсто додатоци на плата на судската служба.

– Освен што се одби ова барање, беше донесена и одлука со која се одбиваат додатоците и за мај 2023 година. Ова незадоволство го искажуваме затоа што 90 отсто од вработените во судската служба се на работ на егзистенција. Просечната плата е 25.000 денари, додека потрошувачката кошничка на четири члено семејство за мај е 50.000 денари, рече Ѓоргиевска.

Побараа од надлежните органи во Судскиот совет да се координираат и да ги обезбедат средствата за исплата на најмалку 35 отсто додатоци на судксите службеници до донесување на новиот закон на судска служба.

Доколку Судскиот совет не ги исполни нивните барања, судските службеници најавија по неколку часовни протести во сите судови низ државата, а подоцна и штрајк.

Слични содржини