Судската админстрација преку протести бара зголемување на минималната плата за 78%

од Nikola Popovski
185 прегледи

Вработени во судската администрација од Основниот кривичен суд и Основниот граѓански суд и членови на Независните синдикати на државна администрација и на судска служба денеска повторно протестираа, откако им било кажано дека не е предвидено поголемо покачување за нив од 10 проценти.

Претставници на синдикатите за судска администрација денеска во изјава за медиумите за време на протестите пред Министерство за финансии истакнаа дека сега бараат покачување од 78 проценти на минималната плата и 35 проценти за додатоци на судските службеници.

Протестите не застануваат тука. Денеска имавме состанок со претставници на министерството на финансии со кои не најдовме на разбирање. Бараме зголемување на минималната плата за 78% и исплата на додаток на плата од 35% за судски службеници. Во делот на затворскиот систем бараме зголемување на плати, обука и вработувања. Барањата се реална потреба за сите вработени имајќи ја во предвид специфичноста на нашата работа, велат претставници на Независниот синдикат на судската администрација и Здружението на судска администрација.

Од Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) на денешниот протест уште еднаш укажаа на неопходните реформи во судската власт и независен судски буџет.

Информираа дека штрајкувачкиот одбор на Основниот кривичен суд го ставил штрајкот на мирување согласно Законот за мирно решавање на работни спорови, но штрајкот во Основниот граѓански суд се уште е активен и дека денеска одборот ќе одржи состанок и ќе одлучи што понатаму.

За време на штрајкот судството ќе работи само на случаи за странци, за притворски предмети и како и за времена мерка во Граѓанскиот суд, а нема да се работи во ниту еден друг предмет.

Слични содржини