Судски совет: Однесувањето на Русковска претставува Злоупотреба на правата во судска постапка

од Aleksandar Todeski
265 прегледи

Судскиот совет на Република Северна Македонија најостро го осудува однесување на јавната обвинителка Вилма Русковска и смета дека е во спротивност на Етичкиот кодекс на јавните обвинители, реагираат преку соопштение од таму.

Судскиот совет додава дека како самостоен и независен орган на судството е основан со цел да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите.

„Заради остварување на оваа цел, а по повод изјавата на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска, во врска со законитоста на Одлуката на Кривичниот совет при Апелацискиот суд Скопје за определување на мерката – куќен притвор, за обвинетата Катица Јанева, по спроведениот увид во Апелацискиот суд, Судскиот совет констатира дека ваквите изјави сo закана спрема судиите, од еден од учесниците во судските постапки претставува:
– Грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка;
– Влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи;
– Злоупотреба на правата во судска постапка;
– Недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето на судски одлуки и
– Нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање на правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото, наведуваат од Судскиот совет.

Слични содржини