238
Судскиот совет на денешната седница одлучуваше по две барања за утврдување одговорност кај судија за нестручно и несовесно постапување.
Во врска со барањето за испитување одговорност кај судија од Врховниот суд, Судскиот совет одлучи да изрече писмена опомена за сторена дисциплинска повреда.
Во врска со барањето за испитување одговорност кај судија од Основниот кривичен суд Скопје, Судскиот совет одлучи постапката да запре затоа што не утврди елементи за нестручно и несовесно постапување.