320
Судскиот совет ја известува јавноста дека, како и во многу други предмети, така постапува и по предметот со штедачите во Еуростандард банка заведен под број ТСЖ.бр.1554/2021, за кој неодамна Апелацискиот суд Скопје донесе одлука.
„Со оглед дека во јавноста се појавија информации поврзани со случајот, поконкретно дека советот на Апелацискиот суд донел одлука за еден ден во врска со жалбата на групата штедачи, Судскиот совет информира дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба. Координаторот за Апелацискиот суд Скопје, од редовите на Судскиот Совет, на денешната седница беше задолжен да го испита предметот и начинот на постапување од страна на Советот на Апелацискиот суд Скопје“, велат во реакцијата на Судскиот совет.