330
Судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“ во кој обвинет е бизнисменот Јордан Камчев, почнува на 16 јули, соопшти Кривичниот суд.
Освен Камчев, во овој случај осомничен е и екс премиерот Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, екс директорот на УБК Сашо Мијалков, мајката на Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.
Според обвинението, Груевски,со пари донации за партијата ВМРО – ДПМНЕ купувал плацеви на атрактивни локации на Водно, а во тоа му помагале останатите обвинети.
Камчев е во притвор, а Апелација ја одби гаранцијата од 1,7 милиони евра која ја понуди за да се брани од слобода, а поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ е во бегство во Будимпешта.