Судскиот случај „Тендери“ се одложува до назначување на нов судија – поротник

од Nikola Popovski
238 прегледи

Рочиштето за предметот „Тендери“ кој беше влезен во давање завршни зборови, односно беше пред пресуда се одложува до назначување на нов судија-поротник, соопшти Кривичниот суд. Со разрешувањето овој предмет ќе се суди од почеток.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по добиено известување од Судскиот совет за разрешување на судија – поротник, главната расправа за предметот со КОК бр. 64/17 од обвинителството означен како „Тендери“, закажано за денеска, се одлага сѐ до назначување на нов судија – поротник. За новите термини за продолжување со главната расправа, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Случајот „Тендери“ се однесува на тендерот за изградба на Музејот на македонската борба, а првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Слични содржини