Судскиот совет ќе спроведе вонреден надзор во Кривичниот суд по барањето на Боки 13

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Судскиот совет ќе постапува по претставката од Бојан Јовановски-Боки 13, а по обвинувањата дека Кривиечн суд има донесено фалсификувано решение со кое се одбива неговото барање да за прекин на казната поради влошено здравје.

Јовановски побара вонреден надзор, а пак, Судски совет извести дека веднаш ќе постапи.

„Ве известуваме дека по поднесената преставка од страна на Бојан Јовановски до Судскиот совет на РСМ, односно Барање за формирање на комисија за спроведување на вонреден надзор и контрола во врска со постапувањето на Основниот кривичен суд Скопје по предметот ПК бр.18/22 , денеска до бранителот мр. Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, пристигна известување дека истата ВЕДНАШ е земена во работа и дека се постапува по нејзинити наводи. Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација бранителот мр. Владимир Туфегџиќ“, посочува правниот тим на Бојан Јовановски.

Слични содржини