Судскиот совет (СС) функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет, ова е заклучено на денешниот работен колегиум на кој се отфрлени како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дека новиот претседател на СС е избран во нелигитимна процедура и затоа се става во мирување четиригодишниот проект финансиран од оваа земја.
-Членовите потенцираат дека првиот човек на СС е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за ССРСМ. Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот Совет, се наведува во соопштението од работниот колегиум на членовите на Судскиот совет.
Холандскиот проект, како што е посочено во соопштението, трае четири години и се состои од три компоненти: ефикасност, отчетност, транспарентност и регионална соработка и во моментот се наоѓа во третата проектна година.
Амбасадорот Коп вчера во неделното интервју за Радио Слободна Европа соопшти дека Холандија замрзнала проект со Судскиот совет, при што го опиша Советот како „нелигитимно тело“. Исто така обвини дека има политичко влијание во изборот на Обвинителството за организиран криминал и во изборот на кандидати во Академијата на судии и јавни обвинители.