Судскиот совет го разреши судијата Беџети кој заврши на „црната листа“ на САД

Беџети се најде на црната листа на САД заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој сега е во бегство. Беа посочени за мито при одлучување на Беџети во предмет за Сашо Мијалков за масовното нелегално прислушување. Предметот застаре откако предолго помина во рацете на Беџети

од Nikola Popovski
76 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Судски совет го разреши Енвер Беџети, судијата кој чуваше предмети на Сашо Мијалков во фиока за да застарат. Тој повеќе нема да биде судија во Апелациониот суд.

Беџети се најде на црната листа на САД заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој сега е во бегство. Беа посочени за мито при одлучување на Беџети во предмет за Сашо Мијалков односно за масовното нелегално прислушување. Предметот застаре откако предолго помина во рацете на Беџети.

– Е.Б. се разрешува од вршење на судиската функција, поради сторена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција, поради потешка повреда на јавниот ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со кое се нарушува угледот на судот… стои во решението на СС.

Стејд Департментот го стави судијата Беџети на црната листа со забрана за влез во САД. Бидејќи имале докази дека е вмешан во значителна корупција преку примање на мито од страна на обвинетиот Мијалков. По објавување на имињата на Беџети и Груби од страна на амбасадата на САД во земјава и Јавното обвинителство отвори предистрага за митото кое ги застаре предметите на поранешниот директор на УБК.

-Ставањето на судија на црна листа за наводно вмешување во значителна корупција апсолутно го нарушува угледот на судијата, но и на судот. Кога е вака нарушен угледот веќе тој судија не може да правораздава бидејќи не постои веќе ниво на доверба, туку довербата е целосно загубена, се наведува во решението на РСС.