Судскиот совет ја одложи седницата на која требаше да избере наследник на Дамева

од Nikola Popovski
223 прегледи

Одложена е денешната седница на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева. Од институцијата наведуваат дека 439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) во 11:00 часот се одлага.

-За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение, стои во денешното соопштение од Судски совет.

Дамена беше разрешена од функцијата минатата средна после гласањето на членовите на Судскиот совет, иницирано од нејзиниот заменик Селим Адеми. Седум членови го поддржале заменикот. Караниците кулминираа во моментот кога Дамева одби да стави точка на гласање која ја немаше во дневниот ред.

Нејзиниот наследник требаше да се избира на седница на 27 април, но беше одложена за денеска. Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, тогаш побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови.

Заради добивање на повеќе информации, Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од 438-та седница како и усвоениот дневен ред.

На 5-ти декември 2022 година, Дамева стана претседателка на Судскиот совет. Таа е поранешен член на правната комисија на СДСМ, но вели никогаш не била член на партијата, а на колегите од Судски Совет им порача дека за две години ќе бидат горди со нејзиниот избор. Дамева дојде на местото на Павлина Црвенковска, која си поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради како што писмено наведе, судската бизнис елита.

Слични содржини