Судскиот совет ја разреши врховната судијка Неделкова

од Nikola Popovski
317 прегледи

Судскиот совет на последната седница донесе одлука да ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова, а ваквото решение е донесено по претстапка од сега веќе разрешениот судија Јово Вангеловски.

Неделкова коментираше дека претставката не била поврзана со непостапување по одреден предмет, туку поради нетрпеливост околу еден случај. Таа неодамна поднесе кривична пријава против претседателот и два члена на Судскиот совет, а поврзано со барањето за разрешување, но истата беше отфрлена.

„Се работи за една од повеќето пријави кои поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ми ги поднесуваше поради нетрпеливост околу еден случај. Таа постапка нема никаква врска со некакви предмети или незаконско постапување, туку негов аспект околу работните односи, користење на работното време, значи нема врска со никаков предмет“, изјави Неделкова на 27 јануари 2021 година.

Токму смената на Комисијата без да се одлучува по првичниот извештај, беше причината што Лидија Неделкова поднесе кривична пријава против претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, и уште двајца членови. Ги товареше за злоупотреба на службената положба бидејќи, според неа, ја искористиле положбата за да влијаат на постапката што се води против неа по поднесена претставка од Вангеловски. Поточно, пријавените како членови на Судскиот совет не го прифатиле првичниот предлог на комисијата, постапката против Неделкова да се запре, и влијаеле одлуката да се преиначи во предлог за нејзино разрешување, спротивно на закон.

Судскиот совет минатата недела ја одбра Беса Адеми за претседателка на Врховниот суд, а Неделкова беше една од тројцата кандидати за оваа функција.

Слични содржини