Судскиот совет ќе изврши увид во пресудата за прегазувањето на Теодора од Тетово

од Nikola Popovski
176 прегледи

Предвидено е Судскиот совет да изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово. Сторителот доби двегодишна затворска казна. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски вчера информира дека побарале увид во предметот за пресудата. Тој нагласува дека доколку има пропусти ќе реагираат.

Семејството на Теодора реагираше на висината на казната и долгото траење на целата постапка. Пресудата предизвика силни реакции и на социјалните мрежи, за целиот процес и премногу „благата“ казна.

„Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме“, рече Камбовски.

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да ја преиспита пресудата, но и работата на судијата. Разочаран од ваквата одлука тој оцени дека ова не е правда туку системско потфрлање. Шефот на владата вели дека повеќе нема да се молчи за ваквите случаи, а правдата дека ќе се истера до крај. На иста линија и првиот човек во правда. Игор Филков посочи дека судскиот совет е повикан да постапува по реакцијата во јавноста.

Менсур Пајазити на 15 ти август 2022 со своето возило ја усмрти Теодора Ристевска на пешачки премин во Тетово. Тој призна вина и доби затворска казна од две години. Претходно беше осуден на 3 години и шест месеци. Пресудата ја укина врховниот суд, а апелација ја намали на две години. Пајазити е осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Слични содржини