Судскиот совет нема намера да „војува“ со Лога

од Nikola Popovski

Судскиот совет на Република Северна Македонија, нема намера со никого да „војува“, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога, велат од највисокото судско тело. Ваквата реакција на доаѓа по повод вчерашните настапи на Лога кога тој во гостување на емисија, изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот совет.

„Членовите на Судскиот совет потенцираат дека министерот, кој по функција е член на Советот, секогаш е добродојден на седниците на ова тело, каде може отворено да се дискутира за сите отворени на прашања и проблеми во судството. Впрочем, од страна на службите на Судскиот совет редовно му се испраќаат материјали за секоја седница.

Советот потенцира дека ги прифаќа сите добронамерни критики на своја сметка и на адреса на судството, но не може да дозволи министерот за правда да излегува од своите надлежности и да кажува како треба и што да работи Советот.

Судскиот совет функционира во согласност со своите законски надлежности и секој обид за директно мешање во неговата работа, ќе се толкува како „упад“ и притисок на претставник на извршната врз судската власт“, велат од Судскиот совет.

Министерот синоќа изрази посветеност за реформирање на Судскиот совет. Тој го спомна и претседателот на Судот во Куманово, кој според него, не го положил тестот за интегритет, но повторно е избран за претседател на судот. Министерот најави дека во оваа прилика им објавил отворена војна на претседателот на Судот во Куманово и на Судскиот совет.

Слични содржини