Судскиот совет в петок на јавна седница ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судијката Беса Адеми

од Radmila Tasevska
270 прегледи

Судскиот совет попладнево со осум гласа „за“ одлучи да биде јавна седницата на која ќе се одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Седницата е закажана за овој петок.

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето да биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите.

Слични содржини