
Дури и пред обидот за преврат минатиот месец, казнениот систем во Турција беше на граница на своите сили – со преполни затвори и затрупани од работа судови. Сега тие се обидуваат да се справи со доаѓањето на уште илјадници луѓе приведени по обидот за преврат.
Според владата ситуацијата е под контрола, но сликите на наводните заговорници со лисици на рацете, оставени во долна облека и држени во топли соби, предизвика загриженост на организациите за човекови права. Има информации дека некои затвори се толку преполни дека затворениците треба да спијат на смени.
Владата нема доволно голема судница каде за сите обвинети и ќе треба да изгради нови. Околу 3.000 обвинители и судии се меѓу уапсените, што дополнително го отежнува наоѓањето на судии кои ќе се зафаќаат со делата.
Бројот на луѓето во затворите се зголеми тројно од 2002 година, кога Партијата на правдата и развојот (АКП), основана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, дојде на власт. Некои се зад решетки во врска со конфликтот во претежно курдскиот југоисточен дел на Турција.
До март имало 188 илјади затвореници во Турција, односно со 8.000 повеќе од расположливиот капацитет. Досега 12 илјади лица се испратени во затвор во очекување на судски процес по неуспешниот државен удар, а уште илјадници беа приведени за дополнителен распит.
“За да направат место, ги собираат луѓето еден на друг”, вели Мустафа Ерен, претседател на организацијата Фондацијата за граѓанско општество во системот на казни.
Во затворот во Текирдаг, северозападна Турција, властите се собрани шест лица во ќелија за тројца, посочува тој. Затворот Силиври, западно од Истанбул, е толку преполн и дека затвореници се сместуваат во спортски сали, вели уште Ерен.
Владин претставник изјави за агенцијата “Ројтерс” дека нема проблем со затворите. “Не постои недостиг на затвори. Не мислиме дека ќе има било какви проблеми со тоа, бидејќи веќе инвестираме во нашиот затворски систем”, рече тој.
“Затворите веќе го надминаа својот капацитет пред 15 јули, како некои затвореници спиеја во ходниците и тоалетите”, вели сепак Вели Агбаба, заменик-претседател на опозициската секуларна Републиканска народна партија, кој извршил стотици посети во затвори во последните пет години, како претставник на комисија што го испитуваше условите во затворите.
Преполни се толку што затвореници спијат на смени и во одговор се вметнуваат нови кревети, вели Агбаба. Собите се толку преполни дека нема место каде да се стапне по подот, посочува тој.
Провладините во “Јени Шафак” соопшти дека властите во затворот Синџан во Анкара се протегала огромен шатор во дворот на затворот, за да се приспособат приведените во врска со превратот. Владата ги демантира информациите, а Министерството за правда увери дека сите осомничени се приведени во зградата.
Според организациите за човекови права преполно е друга форма на малтретирање над приведените, од кои некои беа прикажани на слики или видеа со завои или модринки, добиени по приведувањето.
Министерот за правда Бекир Боздаг, во интервју на телевизија дека во турските затвори нема тортура. Според зборовите на министерот никој суд во земјата не може да се справи со бројот на приведените, кој може да изнесува 30 илјади луѓе и дека за процесите ќе бидат изградени нови судови. Боздаг рече дека пучистите ќе бидат судени во Синџан – регион на Анкара, исполнет со симболика, бидејќи беше сцена на демонстрацијата на сила на армијата во 1997 година, неколку месеци пред таа да ја отстрани исламистичкоата влада.
Осомничените тешко дека ќе најдат соодветна заштита, бидејќи адвокатите специјалисти или се плашат да не бидат поврзани со превратот, или самите тие се против него, вели Озтурк Туркдоган, претседател на Турската набљудувачка асоцијација. Во некои случаи правна помош се обезбедува, но овие адвокати често пати се неискусни или заплашувами од властите, додава тој.