Свесен сум дека преземам огромна одговорност и дека влегувам во најважната политичка битка во мојот живот. Доаѓа време кога целото мое искуство, стекнато знаење и вештини, ги посветувам исклучиво на мојот роден град, на Прилеп и на прилепчани. Од денеска па натаму, ценети мои сограѓани, официјално и практично се соочуваме со предизвикот на претстојните локални избори заедно да оствариме голема и сенародна победа, во која сите ќе се вградиме и со која ќе се гордееме. Победа ЗА СИТЕ, победа НА СИТЕ, објави новиот кандидат за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, откако СДСМ попладнево го објави неговото име.
Тој посочи дека борбата за Прилеп секогаш била и ќе биди поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност.
-На Град Херој како Прилеп, единствено така и му приличи. Никако поинаку. Јавно се обврзувам дека нема да делам, туку ќе обединувам. Дека немам предрасуди спрема никого. Дека ги препознавам и почитувам разликите. Дека искрено ја почитувам конкуренцијата и дека сум подготвен секоја добра идеја да ја интегрирам во мојата изборна Програма. Бидејќи мојата цел е да бидам градоначалник на, без исклучок, сите граѓани на општина Прилеп. Тргнуваме силно и непоколебливо, тимски да ја презентираме нашата визија за уште помодерен и поразвиен Прилеп. Да докажеме дека го имаме клучот за сите проблеми, дека имаме ефикасен систем за грижа на сите граѓани од градот и населените места. Нашиот заеднички дом ќе го градиме заедно. Заедно ќе го направиме најдоброто за нашата општина!, потенцира Сугарески.
Новиот кандидат за градоначалник на Прилеп беше ги извршуваше функциите како министер за транспорт и врски и беше на чело на Царинската управа