324
„Ми беше чест и задоволство да бидам директор на една ваква институција како што е Царинската управа“, напиша Горан Сугарески во пораката на Фејсбук денеска, поминувајќи го последнит работен ден како директор на Царинската управа, откако во меѓувреме реши да си кандидира за градоначалник на Прилеп на локалните избори.
-Почитувани колеги,Искрено Ви посакувам успешна работа во периодот кој следи. Знам дека сите заедно како тим ќе успеете во унапредувањето на институцијата и Царинската управа ќе остане да важи за водечка царина во регионот, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија.Ви благодарам на сите за коректната меѓусебна соработка која ја имавме изминатиов период, напиша Сугарески.