Сугарески: Убедливо најуспешното министерство работи на огромен број инфраструктурни проекти

од Aleksandar Todeski

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на својот Фејсбук профил објави фотографии од проектите во инфраструктурата, кои во моментов ги извршува министерството кое го раководи.

„Убедливо најуспешното министество работи на огромен број на проекти во инфрастуктурата вклучувајќи:
– Активна работа на 32 проекти за изградба и реконструкција на водоводи и канализации и тоа во Велес, Македонски Брод, Струмица, Куманово, Скопје, Берово, Крива Паланака, Битола, Гостивар,Струга и низ други општини.
– Оваа година започнуваме со реализација на уште 37 проекти исто така за изградба и подобрување на комуналната мрежа насекаде низ државата.
– Во моментов работиме на изградба на 180 km гасовод и тоа од Скопје до Гостивар и од Неготино преку Прилеп до Битола. Започнуваме постапки за изградба и на гасоводот од Гостивар до Кичево и од Велес до Свети Николе.
– Континуирано работиме на изградба на железницата кон Бугарија најголемиот инфраструктурен проект во државата, а претходно ја завршивме пругата кон Грција.
– Досега обезбедивме кров над глава на 160 ранливи семејства, во моментов градиме 110 станови во Неготино и Пробиштип, а годинава очекуваме да започнеме со изградба и на уште неколку згради во Бутел, Виница, Велес, Свети Николе, Гевгелија Пехчево, Дебар, Сарај, Шуто Оризари и Демир Капија.
– Континуирано обезбедуваме нови авиолинии со што постојано го рушиме рекордот на бројот на превезени патници од двата аеродроми“, напиша Сугарески.

Убедливо најуспешното министество работи на огромен број на проекти во инфрастуктурата вклучувајќи: – Активна работа…

Публикувахте от Goran Sugareski в Понеделник, 27 януари 2020 г.

Слични содржини