Сугарески застана на чело на Царина: Продолжувам чесно, посветено и транспарентно да служам на интересите на граѓаните

од Nikola Popovski

Поранешниот министер за транспорт и врски од претходниот мандат, Горан Сугарески и официјално има нова функција, откако денес стана директор на Царинската управа.

„И во новиот професионален предизвик продолжувам чесно, посветено и транспарентно да служам на интересите на граѓаните и државата“, објави Сугарески на социјалните мрежи.

Тој упати благодарност на досегашниот директор за неговиот ангажман во Царинската Управа.

„Можеме уште повеќе и уште подобро! Нови професионални успеси за подобра иднина!“, стои во објавата на новиот директор на Царина.

 

Слични содржини