Сугаревски: ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува колку се плаши од соочување со одговорноста

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Секојдневниот театар на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што не започнува дебата по Извештајот на СЈО, го потврдува хаосот во оваа партија. Пратениците од СДСМ и опозицијата нема да присуствуваат на циркусот во режија на ВМРО-ДПМНЕ. Закажување на седници кои Ѓорчев нема намера да ги отпочне значат само трошење буџетски пари за да се покрие стравот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Горан Сугаревски од СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува колку се плаши од соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години. Извештајот на Зврлевски, кој патем речено го избира ова Собрание, веќе 9 месеци не е ставен на дневен ред. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го прикрие незаконското работење на Зврлевски и да не се расправа за неговото непостапување по криминалите на власта. Што беше и една од причините за формирање на независната институција Специјално јавно обвинителство. Согласно Деловникот на сите им е јасно дека присуството на Јанева не е неопходно за да се расправа по нејзиниот извештај. ВМРО-ДПМНЕ во паника грубо го крши деловникот со тоа што одбива да ја започне седницата. Ние на неговиот циркус нема да бидеме декор и нема да присуствуваме. Штом реши да ја отвори седницата и да почне дебата по извештајот на Јанева, ние со задоволство ќе учествуваме, затоа што имаме многу да кажеме. Од тоа најмногу се плаши ВМРО-ДПМНЕ“, вели Сугаревск